Со цел да се одбележи повторното отворање на култниот Red Bull Hangar-7 на аеродромот во Салцбург, Австрија, четирикратниот F1 шампион, Max Verstappen го возеше шампионскиот F1 болид RB8 и приреди возбудлива демонстрација на брзина и прецизност во мотоспортот.
Пистата на аеродромот во Салцбург за првпат беше трансформирана во сцена за настапи во живо, каде беа прикажани различни дисциплини и ѕвезди од авто-мото спортот. Шоуто вклучуваше возења, познатите „крофни“, како и drag трка. Покрај Verstappen, настапија и MotoGP легендата Dani Pedrosa, ѕвездата на Dakar Rally Daniel Sanders и NASCAR возачот Connor Zilisch, кои ги претставија своите „машини“ – WRC M-Sport Ford Puma, Dakar Ford Raptor T1+ и KTM MotoGP мотоцикл.
На повторното отворање на Red Bull Hangar-7 присуствуваа луѓе и „машини“ кои го обликуваат брендот на глобално ниво – легенди од авто спортот, ентузијасти за авијација и таленти од различни дисциплини. Програмата вклучуваше претставување на моќни возила, аеро спектакл на Flying Bulls, музички настапи, кулинарски специјалитети и настапи на интернационални Red Bull спортисти.
Од самиот почеток, Red Bull Hangar-7 претставува место на средба, сцена и уметничко дело – сè во едно. Визијата на Dietrich Mateschitz за спојување на уметноста, гастрономијата и авијацијата во инспиративна фузија и по повторното отворање е и натаму силно присутна.
„Често сум бил во Hangar-7 во текот на мојот живот, така што секое доаѓање тука ми е како враќање дома. Во Hangar-7 секогаш се случува нешто – има многу активности, хеликоптери, авиони, автомобили… авто спортот и спортот тука се спојуваат. Секогаш е убаво кога можеме да направиме нешто заедничко, а drag трката со овие различни возила беше навистина кул,“ изјави Verstappen.
Во целокупната атмосфера свој придонес дадоа и спортисти како легендата на street trial Danny MacAskill, врвни freerunner-и freestyle фудбалери, freestyle тенисерот Stefan Bojić, Red Bull BC One брејкденс тимот, како и велосипедскиот тим Red Bull – BORA-hansgrohe.Настапите на Red Bull спортистите и слалом скијачот Lucas Braathen, како и на DJ Rampе од издавачката куќа Keinemusik, го комплетираа музичкиот дел од програмата. Британскиот пејач и DJ John Newman ја заокружи вечерта со изведба на некои од неговите најголеми хитови на отворено, со Red Bull Hangar-7 во позадина.