Настапот на Sooshi Mango се сели во Филхармонија 

Настапот на SOOSHI MANGO ќе се одржи на истиот датум, 6 јуни 2026 и во истиот термин како што беше претходно најавено

Поради унапредување на продукциските услови и желбата на публиката да ѝ се овозможи врвно сценско и аудио-визуелно искуство, настапот на популарното австралиско комичарско трио SOOSHI MANGO се преместува од СРЦ Кале во престижната сала на Националната Филхармонија.

Со оваа промена, публиката ќе има можност да го проследи шоуто во еден од најквалитетните простори во регионот, што ќе придонесе за уште поинтензивна и незаборавна атмосфера, велат организаторите.

Настапот ќе се одржи на истиот датум, 6 јуни 2026 и во истиот термин како што беше претходно најавено. Сите веќе купени билети остануваат валидни и важат за влез во новата локација.

Ве очекуваме на вечер исполнета со врвна комедија, енергија и многу смеа. Билетите се во продажба ексклузивно на веб страната на drugastrana.mk.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни