По повод одбележувањето на Денот на Европа – 9 мај, Правниот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип во соработка со Europe House Струмица и со поддршка на Делегацијата на ЕУ, на 13- ти мај во 11 часот во Тренинг центар – УГД Штип, организираат настан на тема “Европскиот парламент и Европските парламентарни избори 2024”.
На настанот ќе земат учество студенти од Правниот факултет, кои ќе симулираат одржување на Европски парламентарни избори под менторство на проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска и демонстратор м-р Елена Трајковска.
Учество ќе земат и ученици од СОУ “Љупчо Сантов“-Кочани, кои ќе го презентираат нивното искуство од остварената посета на „Euroscola“ во рамките на Европскиот парламент во Стразбур под менторство на проф. Александар Михајлов.
Преставници од Италија и од Хрватска исто така ќе ги претстават искуствата од Европските парламентарни избори во овие земји.