Насмевни се

На светскиот ден на насмевките, сакаме да им се заблагодариме на сите прекрасни луѓе кои со нас ги споделија нивните насмевки и барем малку им го разубавија денот на нашите читатели.

Создаден во 1999 година по иницијатива на креаторот на „smiley“, Харви Бол, Светскиот ден на насмевката се одбележува секој прв петок од месец октомври. Зад неофицијалниот празник се крие идејата да не заборавиме да се смееме, но и да не заборавиме колку е важно да предизвикуваме насмевки.

Докажано е дека насмевката е заразна, па насмевнете се и пренесете го чувството на среќа на луѓето околу вас. Сите ние можеме да го направиме светот подобро место за живеење, споделувајќи ведрина преку искрена насмевка. Денес несебично споделете ја вашата радост и раширете позитивна енергија. Запомнете, среќата никогаш не се намалува поради тоа што е споделена.

И не заборавајте дека насмевката не познава граници, национална, расна, религиозна или политичка припадност. Сите се смееме на ист јазик!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни