ОН:Речиси 5.000 лица убиени во насилствата меѓу бандите на Хаити за помалку од една година

Од октомври минатата година досега на Хаити се убиени речиси 5.000 лица

Од октомври минатата година досега на Хаити се убиени речиси 5.000 лица, поради ескалацијата на насилствата меѓу бандите, особено во главниот град Порт-о-Пренс, се наведува во извештајот на Високиот комесар на ОН за човекови права, објавен денеска, а пренесен од британските медиуми.

„Насилството драстично се зголеми во последните месеци“, се додава во извештајот.

Во периодот меѓу октомври 2024 и јуни 2025 годинава во главниот град се убиени околу 1.000 лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни