Според Државниот институт за статистика(ИНСТАТ), во првата половина од оваа година, во Албанија се родени 9.644 бебиња или 7 отсто помалку споредено со истиот период минатата година.
Во вториот квартал од годинава, пак, бројот на новороденчиња е 4.982, што претставува намалување од 7,4 отсто, во споредба со истиот квартал минатата година.
„Речиси во сите региони во земјата има пад на наталитетот. Единствениот регион со најголем број раѓања, а воедно и со најголемо население, е Тирана, каде што се регистрирани 1.982 раѓања, додека регионот со најмал број е Ѓирокастро со 74 раѓања“, објави ИНСТАТ.
Природниот прираст на вкупното населението резултира позитивно, со само 48 повеќе раѓања отколку смртни случаи.
Регион со најголем природен прираст е Тирана, со 691 повеќе раѓања отколку смртни случаи, додека регионот со минусен природен прираст е Корча, со 226 повеќе смртни случаи отколку раѓања.
Падот на стапката на наталитет води кон постаро население и помалку млади луѓе кои влегуваат на пазарот на трудот.
Поради оваа причина, владата подготви Нацрт – закон за поддршка на младите брачни парови, со кој, од јануари следната година, се предвидува месечен финансиски надоместок за деца до 5- годишна возраст.