NASA пронајде структури кои би можеле да го променат нашето разбирање за Црвената планета Марс

Овие истражувања нема само да ни помогнат подобро да го разбереме минатото на Марс, туку и да обезбедат безбеден пристап за првите астронаути на Црвената планета

NASA роверот Perseverance собрал примерок од површината на Марс чии текстури се „нешто што никогаш не сме го виделе“, објави вселенската агенција. Овој интригантен примерок, наречен „Сребрена планина“ (Silver Mountain), сега е запечатен во специјална цевка и чека идни анализи во лабораториите на Земјата.

Мистериозна историја на Марс запишана во камен
Сребрена планина е 26 ти примерок што роверот Perseverance го собра откако слета на Марс во февруари 2021 година. NASA научниците внимателно ги избираат и складираат примероците во титаниумски цевки, со цел подобро разбирање на геолошката историја на Марс, неговата клима и потенцијалното постоење на живот во минатото.

Пристигнувањето на овие примероци на Земјата би можело да се случи помеѓу 2035 и 2039 година, зависно од методата која NASA ќе ја одбере. Очекувањата се дека агенцијата ќе донесе конечна одлука следната година.

Роверот Perseverance, кој го нарекуваат „Перци“, неодамна заврши со искачување од кратерот Жезеро, едно од најинтригантните подрачја на Марс. Оваа област се смета за возможно место каде некогаш можеле да постојат услови поволни за микробиолошки живот.

Побрзо до човечка мисија на Марс
Неговата следна дестинација е „Северен обод“ (Northern Rim), каде ќе посети четири геолошки интересни локации и ќе собере нови примероци на почва и камења.

Според интерактивната мапа на NASA веб-страницата, Perseverance веќе поминал повеќе од 20 милји на Марс, внимателно избирајќи локации за примероци. NASA нагласува дека анализата на овие примероци ќе подготви терен за првата човечка мисија на Марс.

Овие истражувања нема само да ни помогнат подобро да го разбереме минатото на Марс, туку и да обезбедат безбеден пристап за првите астронаути на Црвената планета, изјави Ники Фокс, раководител на NASA Научната мисија.

Роверот Perseverance е дел од NASA Програмата за истражување на Марс, долгогодишен проект кој користи роботски мисии за да ги открие тајните на оваа мистериозна планета, пренесува Independent.co.uk.

Ако овие примероци потврдат дека Марс некогаш имал услови за живот, тоа би можело да го промени нашето разбирање за Сончевиот систем и да даде одговор на едно од најголемите прашања на науката – дали сме сами во вселената?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни