НАСА повторно испраќа луѓе кон Месечината по 50 години – сè за мисијата „Артемис II“

НАСА ја подготвува мисијата „Артемис II“, прв лет со екипаж околу Месечината по повеќе од 50 години. Дознајте кога се лансира и кој учествува.

НАСА по повеќе од 50 години повторно подготвува историски лет околу Месечината. Станува збор за мисијата Артемис II, која ќе биде првиот лет со екипаж во длабоката вселена по ерата на програмата Аполо програмата.

Оваа мисија има цел да ги постави темелите за идно слетување на луѓе на Месечината и да го означи враќањето на човештвото кон длабокото вселенско истражување.


Екипажот на мисијата „Артемис II“

Во мисијата ќе учествуваат астронаутите: Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен (од Канадската вселенска агенција)

Мисијата ќе трае околу 10 дена, а екипажот ќе ја обиколи Месечината без слетување, ќе ја тестира вселенската капсула „Орион“ и ќе лета со ракетата „Space Launch System (SLS)“

Главната цел е да се провери како функционираат системите за идни мисии со слетување на Месечината.

Кога е лансирањето?

Потенцијалните датуми за лансирање се 1 до 6 април 2026 година и 30 април 2026 година

Претходно, мисијата беше одложена поради технички проблеми, вклучително истекување на водород и хелиум, како и потреба од идеална положба на Месечината.

Зошто е ова историски момент?

Мисијата „Артемис II“ ќе биде прв лет со луѓе околу Месечината по повеќе од 50 години, најдалечното патување на луѓе во вселената досега и е подготовка за враќање на човекот на површината на Месечината

Со ова НАСА започнува нова фаза во истражувањето на вселената и подготовка за идни мисии кон Месечината и Марс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни