НАСА потврди дека заробените астронаути нема оваа година да се вратат од МВС

НАСА донесе одлука дека двата американски астронаути кои требаше да поминат осум дена, но заглавија во Меѓународната вселенска станица (МВС) на Земјата ќе се вратат наредната година.
Фото: НАСА

Сунита Вилијамс и Бари „Бач“ ВИлмор отидоа во вселената со новото летало на Боинг, „Старлајнер“ на почетокот на јуни. Требаше да престојуваат осум дена во Меѓународната вселенска станица, но наместо тоа таму поминаа повеќе од 80 денови, пренесува Би-Би-Си.

Тие заглавија во вселената поради техничките проблеми на нивото летало, поради што од НАСА им беше сугерирано дека треба да останат во вселената.

Самото летало, како што објави Би-Би-Си, има проблеми со неколку од моторите, но и било забележано протекување од хелиумскиот систем. Ова беше прв лет со екипаж на „Старлајнер“.

Изминативе два месеца НАСА и Боинг проценуваат дали е капсулата доволно безбедна за да ги врати астронаутите дома. Од НАСА, сепак, одлучиле дека астронаутите на Земјата ќе се вратат наредната година, веројатно во февруари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни