НАСА: Откриена нова комета во Сончевиот систем – доаѓа од длабочините на галаксијата

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека астрономите откриле нова комета што доаѓа од непознат дел на нашата галаксија – само трет меѓуѕвезден објект досега забележан како „гостин“ во Сончевиот систем.

Кометата, наречена 3I/ATLAS, е првпат забележана во вторникот преку телескопот ATLAS (Asteroid Terrestrial-impact Last Alert System), поставен во Рио Уртадо, Чиле.

Според астрономите, нејзината необична патека укажува дека доаѓа од просторот надвор од Сончевиот систем. Добрата вест е дека кометата не претставува никаква опасност за Земјата.

3I/ATLAS моментално се движи со брзина од околу 60 километри во секунда, од насока на центарот на Млечниот Пат, и се наоѓа на оддалеченост од околу 670 милиони километри од нашата планета.

„Освен тоа, не знаеме многу за овој објект. Во тек се напори тој да се набљудува со поголеми телескопи за да го утврдиме неговиот состав“, изјави Лари Дено, астроном од Универзитетот на Хаваи и еден од главните истражувачи во проектот ATLAS.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни