NASA откри нов астероид кој и се заканува на Земјата

Истражувачите на NASA откриле нов астероид. Вселенскиот камен ќе се приближи до Земјата во 2032 година, а NASA не ја исклучува можноста за судир. Шансата за судир е 1 наспроти 83

Пред нешто повеќе од еден месец, истражувачите на американската вселенска агенција NASA откриле нов астероид. Каменот од 60 метри моментално се наоѓа на 43 милиони километри од Земјата, но се приближува многу брзо.

Заради тоа, NASA го стави на врвот на листата на астероиди кои би можеле да удрат во Земјата оваа век.

Според истражувањето на NASA NEO центарот, астероидот наречен IR4 има нешто повеќе од еден процент шанса да удри во Земјата. Астрономите посветуваат големо внимание на ова.

„Тоа е една од најголемите веројатности за судир на астероид оваа големина некогаш“, велат научниците.

Каков би бил ефектот од потенцијален судир?
Ако астероидот е составен од стеновит материјал, тој може да создаде таканаречен воздушен удар кога ќе влезе во Земјината атмосфера – тоа значи дека ќе експлодира пред да удри во земјата. Ако астероидот е предоминантно составен од железо, тој ќе помине низ атмосферата и ќе удри во земјата. Тоа ќе создаде ударен кратер.

Астероидите кои потенцијално се опасни за Земјата се вообичаени, но само во ретки случаи претставуваат вистинска закана за планетата. Овој астероид не е доволно голем за да претставува глобална закана, но може да предизвика локално уништување при судир.

Ако до судир навистина дојде, во NEO центарот проценуваат дека тоа би се случило на 22 декември 2032 година.

Центарот исто така проценува дека при ударот, астероидот би ослободил осум мегатони енергија, што е повеќе од 500 пати повеќе од енергијата ослободена од нуклеарната бомба која експлодираше во Хирошима во 1945 година.

Брзината и масата на астероидот IR4 можат да се променат додека патува низ вселената. Научниците велат дека е можно астероидот да стане помала закана како што се приближува до Земјата. Но, исто така е можно да стане поопасен додека кружи покрај планетата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни