Американската вселенска агенција НАСА денеска испрати околу 15.000 од вкупно 18.218 цивилни службеници на неисплатено отсуство и ја суспендира повеќето свои активности, откако федералната влада на САД официјално се затвори поради неусвојување на буџетот во Конгресот.
Според планот за континуитет на работењето на НАСА, агенцијата ќе го исклучи целиот систем што не е критичен, ќе ги обезбеди објектите и ќе издаде формални решенија за неисплатено отсуство до вработените, пишува американскиот научен портал Astronomi.
Според правилата на федералната влада, дозволени се само т.н. „исклучени” активности, кои се законски неопходни или служат за заштита на животот и имотот.