„Народен непријател“ на МНТ на „Борини позоришни дани“ во Врање

Претставата „Народен непријател“ по текст на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ на Македонскиот народен театар денеска ќе биде одиграна на сцената „Бора Станковиќ“ во Врање во рамките на 42. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“. Претставата на МНТ е во официјалната програма од 70 селектирани претстави.

Фестивалот трае од 21 до 28 октомври, под слоганот „Театарот во трауматизираното општество“, а ќе учествуваат и театарски куќи од Србија, Хрватска и Романија.

Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни