Нарко-кланови јавно ѝ се заблагодаруваат на македонската претседателка за помилувањето

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова помилува десет осудени лица, помеѓу кои се најде и Акиф Равманоски, кого медиумите го поврзуваат со нарко-кланот „Барон“, но и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески.

Талески беше осуден на седум години затворска казна за злоупотреба на службената положба во случајот „Транспортер“.

Помеѓу помилуваните се најде и Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче од Арачиново, познат по неговиот екстравагатен стил и луксузен начин на живот.

Сепак, веројатно најсериозно е помилувањето на Акиф Равманоски, кој медиумите го поврзуваат со наркокланот „Барон“. Како што објави ТВ21, Равманоски е осомничен и за пукање во населбата Чаир пред неколку дена, кога бил привремено излезен од затвор.

Равманоски, на социјалните мрежи се заблагодари на првата дама на Републиката, Гордана Сиљановска Давкова, изразувајќи гордост што токму таа ја претставува Македонија.

Сиљановска-Давкова го помилува и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова на прашање на ТВ21 за помилувањата што ги потпишала, работата на Комисијата за помилување ја оправда со тоа дека одлуките се донесени врз основа на анализа на делата за кои се осудени, а не на конкретни лица. Додаде дека ја почитува работата на комисијата и не се меша во нивната работа. Таа рече дека личностите кои се помилувани се нависитна интересни, но негативна смисла на зборот и дека тоа го увидела сега.

Од опозициската СДСМ помилувањата на Сиљановска-Давкова ги нарекоа скандалозни и шокантни.

„Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога“, истакна денеска на прес конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа додаде дека со овие одлуки Сиљановска-Давкова застанала во заштита на криминалците и нарко-клановите со што се погазува правото и правната држава.

„Ова е силен удар врз безбедноста на граѓаните и врз работата на полицијата и надлежните институции“, нагласи на прес конференцијта портпаролката на СДСМ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни