Направена рубикова коцка голема пет милиметри и тешка само 0,3 грама

Јапонскиот производител на играчки Мега Хаус претстави минијатурна Рубикова коцка – толку мала што ви требаат пинцети, а можеби и лупа за да ја решите.
Фото: TM & Spin Master Toys UK Limited

Секоја страна од коцката, која е направена од алуминиум, има дијаметар од околу пет милиметри. Беше достапна за нарачка на веб-страницата на производителот од четвртокот, а испораките се очекуваат следниот април.

„Пет милиметарската Рубикова коцка е резултат на тројството на машини, алатки за сечење и страста на играчите“, рече Кијоказу Саито, претседател на компанијата за прецизно сечење Ирисо Прецишн, во промотивното видео на официјалната веб-страница на производителот на играчки.

Со тежина од само 0,3 грама, оваа коцка значително помала од оригиналот, каде што коцките се со големина од околу 55 милиметри на секоја страна.

Секоја од деветте коцки на шесте страни на рубиковата коцката е со големина од само 1,6 милиметри.

Како што изјави за Си-Ен-Ен компанијата „Мега хаус“, коцката била дизајнирана пред четири години, а производството започнало во 2022 година.

Микро-коцката беше внесена во Гинисовата книга на рекорди во август како најмалата ротирачка сложувалка во светот.

Минијатурниот модел го собори рекордот поставен од британскиот дизајнер на сложувалки Тони Фишер во 2016 година, кога ги запрепасти љубителите на сложувалката со верзија од 5,6 милиметри.

Фото: TM & Spin Master Toys UK Limited

Сепак, цената сугерира дека микро-коцката ќе биде повеќе колекционерски предмет отколку нешто со кое страсните сложувачи на рубикови коцки ќе се забавуваат.

Тие се продаваат по цена од 777.777 јени (5.320 долари), а секоја доаѓа со сертификат дека е „најмалата Рубикова коцка во светот“.

Објавувањето на микро-коцката се совпаѓа со 50-годишнината од ротирачката сложувалка, која има голем број следбеници од аматерски хобисти до професионални математичари. Продадени се над 500 милиони коцки откако беше измислен од унгарскиот пронаоѓач Ерно Рубик во 1974 година.

Секоја година низ светот се одржуваат турнири на кои учесниците се борат за титулата најбрз решавач на загатки во дел од секундата.

Моменталниот рекордер за стандардната коцка 3*3*3 е 22-годишниот Макс Парк, Американец со корејско потекло, кој ја реши Рубиковата коцка за 3,13 секунди минатата година на натпревар во Лонг Бич, Калифорнија, по што следеа 10 -годишната Ванг Јиенг од Кина, која го постигна своето лично најдобро време од 3,38 секунди, според Светската асоцијација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни