Напливот на лажни вести направи да се изгуби популарноста на првоаприлските шеги

Светот го слави Денот на шегата – 1 април, кога луѓето известуваат за лажни вести и прават слатки шеги за да се насмеат или да се најдат во смешна ситуација, но традицијата ја изгуби првобитната популарност со оглед на тоа што лажните вести се пренесуваат како вистинити.
Фото: Pillar Pedreira/Agência Senado

Дел од светските медиуми оценуваат дека секоја година првоаприлските шеги стануваат се помалку популарни, особено на интернет и социјалните мрежи, бидејќи пречесто лажните информации заземаат централно место, на штета на автентичните и проверени вести.

Во Франција, некои новинари веруваат дека првоаприлските шеги станаа реалност, наведувајќи го како пример повлекувањето на САД од Светската здравствена организација, воведувањето американски царински мерки или укинувањето на употребата на хартиени сламки за пиење.

„Во нормални времиња, сите овие одлуки би изгледале како првоаприлски шеги“, пишува францускиот сајт La presse.

Новинарите на тој сајт се прашуваат дали сите би разбрале дали една вест е шега или е навистина вистинска.

Како пример наведоа дека утре американската вселенска агенција НАСА може да објави дека Земјата е рамна, а не тркалезна.

„Некои читатели би изразиле сомнеж и би се смееле, додека некои би поверувале, бидејќи има неколку милиони луѓе во светот кои навистина веруваат дека Земјата е рамна.“

Прес додаде дека лажните вести се дел од секојдневниот живот бидејќи со употреба на вештачка интелигенција секој „апсурд“ може да се претвори во нешто веродостојно.

Сепак, се претпоставува дека многу луѓе во светот сепак ќе се шегуваат како порано.

Добро позната шега беше изумот на хамбургери за леваците. Во 1998 година, Бургер Кинг од САД објави реклама за левораки хамбургери кои беа направени така што содржината истекува од десната страна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни