Напитоци што ќе ви помогнат во детоксикацијата на црниот дроб

За да може црниот дроб правилно да ги извршува сите овие задачи, важно е да се води грижа за неговото здравје. Во продолжение се наведени неколку едноставни напитоци кои можат позитивно да влијаат на неговата функција.

Црниот дроб е еден од најважните органи во човечкото тело. Има клучна улога во одржувањето на здравјето, бидејќи извршува повеќе од 500 функции, вклучувајќи детоксикација на штетни материи, разградување на хранливи материи, складирање витамини и минерали, како и производство на жолчка која помага при варење.

За да може црниот дроб правилно да ги извршува сите овие задачи, важно е да се води грижа за неговото здравје. Во продолжение се наведени неколку едноставни напитоци кои можат позитивно да влијаат на неговата функција.

Вода со лимон
Започнување на денот со чаша топла вода со лимон може да биде многу корисно за црниот дроб. Лимонот содржи витамин Ц и природни антиоксиданси кои можат да помогнат во заштита на црниот дроб. Освен тоа, лимонската киселина го стимулира дејството на дигестивните ензими, што го подобрува варењето и апсорпцијата на хранливи материи.

Чај од куркума
Куркумата е позната по своите противвоспалителни својства, а редовното консумирање чај од куркума може да придонесе за здравјето на црниот дроб. Чајот се приготвува така што една лажичка меленa куркума се вари десетина минути во вода. По желба може да се додаде црн бибер, лимон или мед – за подобар вкус и ефект.

Зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданси кои можат да помогнат во намалување на воспаленија и заштита на црниот дроб од оштетувања. Редовното консумирање зелен чај може да ја подобри функцијата на црниот дроб, особено кај лица со масен црн дроб.

Смути од шумско овошје
Шумското овошје, како што се боровинки, малини и јагоди, содржи големо количество антиоксиданси кои ги штитат клетките на црниот дроб. Смути може да се приготви со блендирање овошјето со јогурт, кефир или растително млеко. За поголема хранлива вредност, може да додадете малку спанаќ или мелени ленени семки. Овој напиток е одличен избор за појадок или здрава ужинка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни