Напаѓачот од Магдебург бил поддржувач на АфД и борец против муслиманите

Талеб ал-Абдулмохсен е 50-годишен психијатар со потекло од Саудиска Арабија кој излегол од исламот и работел во Германија со поранешни муслимани, особено жени.

Според објавите на социјалните мрежи и неговиот блог тој бил фан на крајно-десничарската Алтернатива за Германија (АфД), партија која е против миграцијата, но и против муслиманите. Заедно со АфД тој сакал да започне академија за поранешни муслимани и ја поддржувал лидерката на партијата Вајдел, истакнувајќи дека е потребна АфД за да ја заштити полицијата од самата себе.

На социјалните мрежи често споделувал пораки од крајни десничари, како и фотографии против поранешната канцеларика на Германија, Ангела Меркел, особено за нејзините ставови за миграцијата.

Тој споделувал и десничарски објави и од други држави, како видео од француската крајнодесничарска група „Ремиграција“  која бара Исламот да биде исфрлен од Европа. Абдулмохсен го поддржувал и Илон Маск, кој токму вчера даде поддршка на АфД во Германија, но и екстремно десничарскиот насилник Томми Робинсон и теоретичарот на заговор Алекс Џонс.

Но, освен што тој ги следел и споделувал објавните на крајните десничари и тие биле заинтересирани за него. На социјалните мрежи тој бил следен од неколку функционери на АфД, па дури и од официјалниот профил на младинската организација на АфД.

Само пет дена пред нападот, дал интервју за десничарската организација RAIR Foundation.

„Ако сириски државјанин поднесе барање за азил во Германија, шансата да го добие азилот е 99,8%… Додека ако саудиски државјанин поднесе барање за азил во Германија, шансата е само 70%, а лично знам дека многумина од оние кои биле одбиени се поранешни муслимани“, рекол тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни