Нападната е американска воена база во Сирија, јавуваат повеќе медиуми

Според арапската новинска агенција Ал Малома, инцидентот се случил утрово, кога зградата била погодена од минофрлачка граната

Американска воена база во Сирија беше нападната, пишува иранскиот „Мехр њуз“, а пренесува Еуроњуз.

Извори велат дека целта била американска воена база во западната сириска покраина Хасака.

Овие извори објавија дека по нападот биле преземени строги безбедносни мерки на главниот влез.

Според арапската новинска агенција Ал Малома, инцидентот се случил утрово, кога зградата била погодена од минофрлачка граната. Засега нема информации за тоа кој ја испалил гранатата или од каде дошла.

Според други извори, „сириската армија“ пресретнала ракета испукана од Иран со цел да ги погоди американските сили во воената база Касрак, која има најдолга писта изградена од САД во Сирија.

Претходно, новинската агенција Ројтерс дека американските сили се повлекле од базите Ал-Вазир и Тел Бајдар во покраината Хасака во североисточна Сирија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни