Нападнат е иранскиот остров Харг

Тоа е една од најчувствителните цели во Иран бидејќи островот Харг е главен центар за извоз на нафта во Иран

Иранската новинска агенција „Мехр“ денес објави дека важниот остров Харг бил погоден во неколку напади. Тој е една од најчувствителните цели во Иран бидејќи Харг е главен центар за извоз на нафта во Иран.

Важноста на Харг за Иран е голема. Според „Британика“, речиси целиот извоз на нафта од Иран поминува низ островот, додека пазарните аналитичари во „Аргус“ проценуваат дека околу 92 проценти од извозот на сурова нафта од Иран бил испорачан од Харг во периодот 2023-2025 година.

Островот е исто така клучен бидејќи длабокото море околу него им овозможува на големите танкери да се закотват, што поголемиот дел од иранскиот брег го нема.

Експертите предупредуваат дека посериозна штета на островот би го погодила главниот канал преку кој влегува голем дел од приходите од девизи во земјата од нафта. Затоа најновите напади значат ново ниво на притисок врз Техеран, но и дополнителен ризик за глобалниот пазар на нафта.

Претходната реторика на Доналд Трамп дава дополнителна тежина на целата приказна. Трамп јавно зборуваше за желбата да ја „земи нафтата на Иран“, конкретно споменувајќи го Харг како клучна цел, иако претходно нагласи дека засега ја остава нафтената инфраструктура на Иран настрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни