Расте бројот на напади врз бродови во Ормускиот теснец

Клучната светска нафтена рута станува ново жариште на конфликтот, со повеќе погодени танкери и товарни бродови во последните денови.

Ормускиот теснец стана едно од најопасните жаришта во актуелниот конфликт, а во последните часови е забележано нагло зголемување на нападите врз бродови во оваа клучна поморска рута.

Најмалку пет бродови биле погодени со проектили, меѓу нив и два нафтни танкери што превезувале ирачка нафта. Поради инцидентите, нафтените терминали во Ирак привремено ја прекинале работата.

Иран практично воведе блокада на пловидбата низ Ормускиот теснец – стратегиски премин низ кој минува околу една петтина од светскиот извоз на нафта.

Според Центарот за поморска трговија на Обединетото Кралство, кој работи во рамки на британската војска, од почетокот на војната се регистрирани вкупно 16 напади врз бродови во регионот, без да се вклучи најновиот инцидент.

Бродовите што досега биле погодени пловеле под различни национални знамиња, меѓу кои Маршалските Острови, Малта, САД, Панама, Палау, Бахамите, Тајланд, Гибралтар и Јапонија.

Новите напади продолжиле и денес. Рано утринава проектил погодил контејнерски брод во близина на брегот на Дубаи.

Германската бродска компанија „Хапаг-Лојд“ соопшти дека и еден од нивните контејнерски бродови бил погоден од фрагменти од проектил во близина на Ормускиот теснец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни