Нападот го извршиле припадници на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), кои го гранатирале објектот додека таму се наоѓале пациенти и медицински персонал. Повредени се најмалку 17 лица.
Ова е втор напад врз здравствена установа во истиот град за помалку од 24 часа. Претходниот ден, во воздушен напад врз родилиште животот го загубија најмалку осум лица.
Во Судан, од април 2023 година, беснее жесток граѓански конфликт помеѓу редовната армија под команда на генерал Абдел Фатах ал Бурхан – фактичкиот лидер на земјата по воениот пуч во 2021 – и паравоените Сили за брза поддршка, предводени од неговиот поранешен заменик, генерал Мохамед Хамдан Дагало.
Според Обединетите нации, досега се убиени повеќе од 24.000 луѓе, но активисти и организации за човекови права предупредуваат дека реалната бројка веројатно е многу поголема. Освен големиот број жртви, конфликтот предизвика и една од најтешките хуманитарни кризи во светот – повеќе од 13 милиони луѓе се раселени, од кои над четири милиони побегнале во соседни држави.
Ситуацијата во Ел Фашир станува сѐ покритична, со оглед на тоа што градот е речиси целосно отсечен од надворешниот свет, а нападите врз здравствени установи дополнително ја влошуваат положбата на цивилното население.
Извор: N1info.rs