Напад врз авионoт на Урсула фон дер Лајен: Пилотот слетал рачно со хартиени мапи по гаснење на GPS

Авионoт со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остана без навигација над Бугарија поради сомнителен руски напад. Пилотот принудно слета користејќи хартиени карти. Инцидентот ги зголемува стравувањата од зголемено GPS-попреречување од Русија.

Авионoт кој ја превезуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во неделата попладне кон бугарскиот град Пловдив, остана без електронски навигациски системи при приближувањето кон аеродромот. Се сомнева дека станува збор за намерен руски напад, насочен кон лидерот на ЕУ.

Три европски функционери за Financial Times потврдиле дека инцидентот го онеспособил GPS-сигналот на граничниот воздушен простор на Бугарија, поради што пилотот морал да слета рачно – користејќи само хартиени мапи.

“GPS во целиот реон на аеродромот се изгаси,” изјавил еден од изворите.
Авионoт кружел околу еден час пред да се донесе ризичната, но успешна одлука за слетување без дигитална навигација.

Расте загриженоста поради руско GPS-попречување

Според бугарската Управа за контрола на воздушниот сообраќај, инцидентот е дел од растечкиот тренд на GPS-попречувaње и лажирање на сигнали во источна Европа и Балтичкото Море, што се поврзува со Русија. Овие напади претставуваат ризик не само за воените цели, туку и за цивилниот воздушен и поморски сообраќај.

Фон дер Лајен на прва линија на одбраната на ЕУ

Фон дер Лајен патувала од Варшава во Пловдив за средба со бугарскиот премиер Росен Жељазков и посета на фабрика за муниција, во рамки на нејзината турнеја низ земјите на првата борбена линија на ЕУ, со цел јакнење на одбранбените капацитети на Унијата.

„Рускиот претседател Владимир Путин не се сменил и нема да се смени. Тој е предатор кој може да се задржи под контрола само преку силно одвраќање,“ изјави таа во Бугарија.

Бугарија е еден од главните снабдувачи со оружје за Украина, најпрво со советска опрема, а сега и со модерно произведено оружје од нејзината голема одбранбена индустрија.

По инцидентот, фон дер Лајен го напушти Пловдив со истиот авион, без дополнителни проблеми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни