Татко од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од две соученички, а ден подоцна било пријавено дека тој нападнал една од нив. Полицијата работи на расчистување на случајот.
На 12 март 2026 година во 17:53 часот во СВР Скопје, В.С.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две нејзини соученички.
Според пријавата, тие биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив го снимала настанот со мобилен телефон.
Пријавен и втор инцидент
Следниот ден, на 13 март 2026 година во 14:30 часот, С.В.(52) од Скопје пријавил дека В.С. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка.
Според пријавата, девојчето претходно учествувало во нападот врз ќерката на В.С.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.