Во брутален напад со нож во Лондон вчера загина 49-годишен маж, а повредени се уште две лица, вклучувајќи и 14-годишно момче. Трагедијата се случила околу 17 часот во Мидхерст Гарденс во областа Уксбриџ во западниот дел на градот, објави Скај њуз .
Метрополитенската полиција соопшти дека 49-годишниот маж починал на местото на настанот од убодни рани и покрај интервенцијата на службите за итни случаи. Неговото семејство е информирано и добива поддршка од специјално обучени полицајци.
Во нападот е повреден и 45-годишен маж, кој претрпел сериозни повреди кои би можеле трајно да му го променат животот и моментално е на болничко лекување. Третата жртва е 14-годишно момче, чии повреди, според полицијата, не се опасни по живот.
Осомничениот е уапсен.
На местото на настанот е уапсен 22-годишен маж под сомнение за убиство и обид за убиство. За време на апсењето, полицајците користеле тејзер, а осомничениот бил превентивно однесен во болница. Набрзо било потврдено дека не е повреден и дека е приведен во полиција.
Полицијата започна истрага, а на местото на злосторството беше поставен шатор за вештачење. Истражителите продолжуваат да собираат докази, а деталите сè уште не се познати.