Полицијата информираше дека осомничениот, 27-годишниот Чанг Вен, бил прогласен за мртов во болница откако скокнал од шестиот кат на зграда, јави Тајванската централна новинска агенција.
Според полициските наводи, напаѓачот фрлил димна бомба во близина на излез од подземната метро-станица во Тајпеј, по што пешаците почнале да бегаат. Потоа, во една стоковна куќа, со нож нападнал и избол повеќе лица.
Локалните болници соопштија дека три лица им подлегнале на повредите, додека уште деветмина биле хоспитализирани.
Полицијата наведе и дека Чанг бил претходно баран поради кршење на законот за задолжително служење воена служба, откако не се одзвал на повикот за регрутација во ноември минатата година.
Извор: N1info.rs