Украински дронови нападнаа во Сочи: Пожар во складиште за нафта

Повеќе од 120 пожарникари се бореа за запирање на пожарот во Сочи, додека двете страни негираат дека ги таргетираат цивилите во војната меѓу двете држави. Киев тврди дека нападите на Русија се одговор на немилосрдната агресија и имаат за цел да ја уништат клучната воена инфраструктура во Москва.

Голем пожар избувна во складиште за нафта близу Сочи откако беше нападнато од украински дрон, во близина на Црното Море. Станува збор за еден од нападите кои Украина ги започна викендов, а се насочени кон јужниот дел на Русија кон градовите Рјазан, Пенса и Воронеж.

Повеќе од 120 пожарникари се бореа за запирање на новиот пожар во Сочи, додека двете страни негираат дека ги таргетираат цивилите во војната меѓу двете држави. Киев тврди дека нападите на Русија се одговор на немилосрдната агресија и имаат за цел да ја уништат клучната воена инфраструктура во Москва. Руската служба за цивилно воздухопловство,,Росавијација” на Телеграм соопшти дека летовите се суспендирани по овој украински напад со цел гарантирање на воздухопловната безбедност.

Украинските воени сили соопштија дека се соборени 61 беспилотно летало од Русија, а биле испалени 76 беспилотни летала или ракети. Оваа недела е една од потешките за цивилите во Украина, поради нападот во четвртокот врз Киев во кој загина најмалку 31 лице.

Во меѓувреме, Русија унишува инфраструктура во јужниот дел на Украина, во градот Николаев, каде се повредени најмалку седум лица. Украинскиот претседател Зеленски повикува на построги меѓународни санкции кон Русија додека американскиот претседател Трамп најави санкции кон Русија и осуда за руските воени дејства во Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни