Напад на синагога во Манчестер, има мртви и повредени

Нападот врз синагогата во Манчестер, се случи на најголемиот еврејски празник Јом Кипур а загинаа најмалку две лица

Во Манчестер, Велика Британија, се случи напад врз верници во синагога. Најмалку две лица се убиени, а тројца се тешко ранети.

Нападот врз синагогата во Манчестер, се случи на најголемиот еврејски празник Јом Кипур, а полицијата се сомнева дека на неговото тело, кое сè уште лежи пред синагогата, биле скриени експлозиви.

Камион од одделот за заштита од експлозии пристигнал на местото на настанот.

Напаѓачот се забил со автомобил во луѓето и почнал да напаѓа со нож.

Полицијата соопшти дека добила пријава во 9:31 часот по локално време од граѓанин кој видел автомобил како се движи со брзина кон луѓето пред Хебрејската конгрегација „Хитон Парк“ на патот „Мидлтон“ во Крампсал и дека еден човек бил избоден со нож.

Три минути подоцна, полицајците отвориле оган и раниле човек за кој се верува дека е напаѓачот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни