Напад на меѓународниот аеродром во Кувајт: најмалку 12 повредени (ВИДЕО)

Во воздушен напад со дрон на Меѓународниот аеродром во Кувајт најмалку 12 лица се повредени. Полесните повреди вклучуваат тупи трауми и повреди на лице и раце, додека последиците од американско-израелскиот напад се чувствуваат низ целиот Блиски исток.

По американско-израелските напади кои започнаа вчера наутро, последиците од конфликтот се чувствуваат низ целиот Блиски исток. Во Кувајт, според извештаи на државните медиуми, во воздушни напади најмалку 12 лица се повредени, јавува Sky News.

Пријавени полесни повреди

Новинската агенција KUNA известува дека повредите се главно полесни: тупи трауми, повреди на рацете и површни повреди на лице и врат. Главната управа за цивилно воздухопловство потврди дека Меѓународен аеродром Кувајт бил цел на напад со дрон, при што биле повредени вработени.

Извор: Index


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни