Пожар во рафинерија во Хаифа по ракетен напад, Хезболах презема одговорност

Рафинеријата Базан во северноизраелскиот град Хаифа веќе беше гаѓана во март, а денешниот напад доаѓа во момент кога конфликтот се шири од Персискиот Залив до Црвеното Море и Либан.

Пожар избувна во нафтената рафинерија Базан во Хаифа по ракетен напад во понеделникот наутро. Хезболах објави дека ја нападнал поморската база во градот со „салва напредни проектили”, но не е утврдено дали токму тие го предизвикале пожарот или се работи за крхотини од пресретнати проектили. На снимките кои се шират на социјалните мрежи се гледаат пламен и чад над локацијата.

Рафинеријата веќе беше гаѓана во март

Рафинеријата Базан не е гаѓана за прв пат. На 19 март, за време на иранските напади кои претставуваа одговор на ударите врз иранската енергетска инфраструктура, рафинеријата претрпела ограничена штета и краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Денешниот инцидент е нов удар врз ист стратешки објект.

Хезболах го проширува фронтот кон север

Либанскиот Хезболах во текот на утрото соопшти за повеќе напади врз израелски воени цели на север на Израел и во јужен Либан, вклучувајќи ракетни удари врз израелски војници и vozila во повеќе општини. Израелската војска во меѓувреме потврди дека шест нејзини војници биле ранети во три одделни инциденти во јужен Либан, тројца од нив тешко.

Конфликтот се шири, Израел возвраќа во Техеран и Бејрут

Паралелно со нападите на север, израелската армија соопшти дека извела нови удари врз инфраструктура на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, како и врз воени објекти во Техеран, вклучувајќи постројка за далекометни проектили и фабрика за компоненти на балистички проектили. Иранските државни медиуми јавија и за погодено петрохемиско постројение околу 530 километри северозападно од Техеран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни