Како што објави OzonPress и N1, група маскирани напаѓачи во текот на ноќта ги нападнала и уништила три автобуси на приватен превозник во местото Коњевиќи кај Чачак. Автобусите биле паркирани и требало утредента да тргнат за Нови Сад, каде моментално се одржува најголемиот комеморативен собир во Србија по повод годишнината од трагедијата во која загинаа 16 лица.
Според информациите, искршени се шофершајбните и страничните стакла, а напаѓачите носеле фантомки за да ги сокријат лицата. Иако паркингот каде биле паркирани автобусите имал безбедносни камери, засега не е познато дали е идентификувана некоја од лицата вклучени во нападот.
Еден од автобусите бил резервиран за просветни работници, додека другите два требало да превезуваат граѓани на Чачак кои ги организирал Павле Јелесијевиќ од групата „Пробудимо Чачак“.
Инцидентот предизвика загриженост и осуди од локални здруженија, кои повикаа на смиреност и институционална реакција, нагласувајќи дека насилството не смее да стане средство за заплашување на граѓаните кои сакаат мирно да изразат почит.