Напаѓачот од Манхајм страдал од психичка болест и бил осуден за говор на омраза

Напаѓачот не е непознат за полицијата. Тој претходно бил осуден на кратка затворска казна пред повеќе од десет години поради возење под дејство на алкохол

Позадината на нападот во Манхајм, во кој маж со автомобил влетал во група луѓе и уби две лица, а неколкумина се ранети, најверојатно е психичка болест, јавува Tagesschau.

Постојат индиции дека напаѓачот страдал од психичка болест, поради што истражителите се фокусираат на овој аспект, изјавил надлежниот јавен обвинител во Манхајм, пренесува германскиот весник.

Во нападот загинале 83-годишна жена и 54-годишен маж, соопштил претседателот на Државната служба за криминалистичка полиција, Андреас Штенгер. Нема докази дека децата биле погодени, иако медиумите известуваат за можно присуство на деца на местото на нападот.

Напаѓачот не е непознат за полицијата. Тој претходно бил осуден на кратка затворска казна пред повеќе од десет години поради возење под дејство на алкохол. Последниот прекршок бил говор на омраза извршен во 2018 година, кога на Фејсбук поставил несоодветен коментар и поради тоа бил осуден на парична казна.

Според наводите на полицијата, улицата во центарот на Манхајм каде што мажот влетал во групата луѓе не била обезбедена со столбови или бариери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни