Портпаролката на полицијата во сојузната држава Квара, Адетун Ејире-Адејеми, изјави дека полициските екипи реагирале на пукање околу 18 часот по локално време. Тие пронашле едно тело во самата црква, а друго во блиското ниско растениe, пренесува Ројтерс. Сведоци тврдат дека убиени биле најмалку тројца верници. Парохот Јосиф Битрус за Ројтерс изјавил дека напаѓачите „собрале група верници, меѓу кои и пасторот, и ги однеле во шумата“.
На видеоснимка од локален медиум, чија автентичност ја потврдил Ројтерс, се гледа како богослужбата се прекинува со рафална палба, верниците бегаат, а вооружени лица влегуваат во црквата и ги ограбуваат присутните.
Нигерија со години се соочува со сериозни безбедносни предизвици – од исламстичка побуна на североистокот, до напади и киднапирања од вооружени банди на северозападот. Централниот дел на земјата, пак, е погоден од смртоносни судири меѓу сточари, претежно муслимани, и фармери, главно христијани.
Нигериските власти сè уште трагаат по 25-те девојчиња киднапирани во понеделникот, кога вооружена група упадна во Средното училиште за девојки
Извор:N1info.rs
