Намирници за кои мислевме дека се штетни, а всушност се здрави

Некои намирници често ги ставаме на црната листа на „нездрава храна“, па ако и ги консумираме, тоа е со чувство на вина. Но, новите истражувања покажуваат дека некои од нив се всушност корисни и вреди да им дадеме втора шанса.

Според д-р Стивен Дамер од Центарот за интегративна медицина „Ендрју Вајл“ во Аризона, проблемот не е во самата храна, туку во контекстот во кој ја консумираме. Тој препорачува фокус на минимално преработени производи, слушање на сопственото тело и умереност во сѐ. Еве листа од 10 намирници кои незаслужено се сметаат за „лоши“:

Јајца
Долги години сметани за холестеролски „бомби“, но студиите покажуваат дека не го зголемуваат значително нивото на холестерол. Богати се со протеини, витамини (А, Д, Е, Б12), здрави масти и минерали. Најздрави се варени или поширани.

Компир
Често потценет, но содржи витамин Ц, калиум, растителни влакна и отпорен скроб кој го подобрува варењето. Најздрав е варен, изладен и со кора.

Кафе
Во умерени количини (до 4 шолји дневно), е богат извор на антиоксиданси и е поврзано со намален ризик од Алцхајмерова и Паркинсонова болест, срцеви заболувања и дијабет тип 2.

Путер
Иако богат со масти, содржи корисни масни киселини, витамини А и Е, и CLA – соединение со антиканцерогени својства. Клучот е во квалитетот и умерената употреба.

Сирење
Извор на калциум, протеини, витамини и здрави масти. Ферментираните сирења имаат пробиотски ефект и можат да ја поддржат работата на цревата и имунитетот.

Црвено месо
Ако е квалитетно и се јаде умерено (300–600 г неделно), е богат извор на протеини, железо, цинк и Б12. Проблемот е преголемата консумација и лошата преработка.

Полномасно млеко
Не е нужно непријател на здравата исхрана – некои студии покажуваат дека може да помогне во спречување на дебелина и дијабет тип 2, ако се консумира умерено.

Орешести плодови
Иако калорични, се одличен извор на здрави масти, растителни влакна и микронутриенти. Добра дневна доза е околу 28 грама (една шака). Секогаш избирајте несолени и непржени.

Црно чоколадо
Богато со антиоксиданси и полифеноли – добро за срцето, мозокот и имунитетот. За да биде здраво, треба да содржи најмалку 70% какао.

Масна риба
Како лососот и сардината – содржи корисни омега-3 масни киселини, важни за здравјето на срцето и мозокот. За вегани: добар извор се леленото семе, авокадото, јатките и алгите.

Сумирано, не постојат „добри“ и „лоши“ намирници, туку балансиран пристап, квалитет и умереност.Tools

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни