Стареењето е природен процес, но правилната исхрана станува сè поважна со годините. Ако консумираме храна што ни помага да имаме избалансирана исхрана, можеме барем малку да ги забавиме ефектите од стареењето и да изгледаме помладо отколку ако не обрнуваме внимание на тоа што јадеме.
Добро е да се консумира храна богата со хранливи материи, како антиоксиданси, витамини и здрави масти, кои можат да го подобрат здравјето на кожата, да ја зголемат енергијата и да ги намалат воспаленијата.
Порталот „SheFinds“ издвојува седум намирници што би требало почесто да се најдат на нашето мени – и тоа со добра причина.
Боровинки
Боровинките се едно од најздравите видови овошје. Иако мали, тие се моќни – содржат антоцијанини кои се борат против оксидативен стрес и придонесуваат за здравје на мозокот.
Препорака: Половина до една шолја дневно.
Авокадо
Авокадото е добро позната здрава намирница, богата со здрави масти и антиоксиданси кои го одржуваат младешкиот изглед на кожата.
Препорака: Едно авокадо секој втор ден.
Домати
Пролет е идеално време за салати со домати – богати со витамин Ц, помагаат за еластичност и цврстина на кожата, и ја штитат нејзината природна бариера.
Препорака: Еден среден домат или пет чери домати дневно.
Сладок компир (Батат)
Слаткиот компир е супер-храна против стареење, полн со хранливи материи кои и даваат сјај на кожата и ја штитат од UV оштетувања.
Препорака: Еден сладок компир секој втор ден.
Киви
Кивито е здраво и често потценето овошје кое помага во задржување на влага во кожата и изедначување на тенот. Богато е со витамин Ц што поттикнува продукција на колаген.
Препорака: До две кивија дневно.
Црно чоколадо
Црното чоколадо е најздравата варијанта – содржи флавоноиди кои ја подобруваат циркулацијата, хидратацијата на кожата и го намалуваат воспалението.
Препорака: Една до две коцки дневно.
Чиа семе
Често се додава во смути и јадења – богато со омега-3 масни киселини, влакна и протеини кои се важни за регенерација на клетките.
Препорака: Една до две супени лажици дневно.