Намирници кои имаат повеќе витамин Д од млекото

Млекото долго време се смета за еден од главните извори на витамин Д, но постојат намирници кои содржат значително поголеми количини од овој важен нутриент.

Витаминот  е клучен за здрави коски, силен имунитет и хормонска рамнотежа, па затоа е важно да се внимава на храната која го обезбедува во природна форма.

Сардини

Сардините се едни од најбогатите природни извори на витамин Д – една порција содржи повеќе од поголемиот дел млечни производи. Освен тоа, тие се полни со омега-3 масни киселини и протеини, кои придонесуваат за јакнење на имунитетот, здрави коски и подобра функција на мозокот. Голема предност е што сардините се практични – можат да се јадат свежи или конзервирани, без посебна подготовка.

Лосос

Лососот често се издвојува како еден од најдобрите извори на витамин Д. Според податоци од USDA и Healthline, 100 грама лосос содржат помеѓу 556 и 924 IU витамин Д, додека една чаша обогатено млеко има околу 120 IU. Освен тоа, лососот е одличен извор на омега-3 масни киселини кои го штитат срцето и го поддржуваат здравјето на мозокот. Лесно се подготвува на скара, во рерна или како додаток во салати, што го прави и вкусен и хранлив избор.

Со други зборови, сардините и лососот не само што далеку го надминуваат млекото по содржина на витамин Д, туку нудат и дополнителни придобивки за целокупното здравје.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни