Намирници кои го поттикнуваат подобриот сон: Лекарите откриваат што е најдобро да се изеде непосредно пред спиење

Добриот ноќен сон е основа за успешен ден – иако не секогаш е лесно да се постигне, добрата вест е дека постојат природни начини за подобрување. Во некои случаи, лековите може да бидат решение, но често е полесно, поздраво и поевтино да се почне со исхрана која го поттикнува сонот.

Ако имате проблеми со спиењето, добрата вест е дека не мора веднаш да посегнете по лекови за полесно да заспиете – понекогаш промената на исхраната е сосема доволна за да го олесни заспивањето.

Начинот на кој се храниме има големо влијание врз квалитетот на сонот. Особено е корисно да се вклучат намирници кои содржат соединенија клучни за добар сон – мелатонин, серотонин и антиоксиданси – и лесно можат да се вметнат во секојдневната исхрана, пишува Verywell Mind, а пренесува Sensa.hr.

Добриот ноќен сон е основа за успешен ден – иако не секогаш е лесно да се постигне, добрата вест е дека постојат природни начини за подобрување. Во некои случаи, лековите може да бидат решение, но често е полесно, поздраво и поевтино да се почне со исхрана која го поттикнува сонот.

Еве кои намирници помагаат во постигнување подобар сон и ублажување на несоницата:

Вишњи (особено кисели)
Киселите вишни, најчесто достапни како сок, се познати по тоа што содржат мелатонин – хормон кој го регулира сонот.

Банани
Бананите се одличен извор на калиум и магнезиум, кои помагаат во опуштање на мускулите. Исто така содржат триптофан – амино киселина поврзана со сонот.

Боровинки
Мали, но моќни – боровинките имаат низок гликемиски индекс и се богати со антиоксиданси, кои можат да го подобрат сонот, па дури и да ги ублажат симптомите на апнеја.

Кравјо млеко
Топлото млеко е класик меѓу природните помагала за спиење. Освен што содржи мелатонин и триптофан, самото пиење на топол напиток може да има смирувачки ефект. Билните млека, за жал, немаат исти состојки.

Ореви
Освен што се одлични за меморија, оревите содржат мелатонин и серотонин – хормони поврзани со подобар сон.

Масна риба (лосос, скуша, сардина)
Масната риба е богата со омега-3 масни киселини, кои помагаат во регулирање на серотонин – хормон важен за расположението и сонот. Истражувањата потврдуваат позитивно влијание врз траењето и квалитетот на сонот.

Киви
Овој мал зелен плод се покажал како ефикасен за подобрување на траењето и квалитетот на сонот, благодарение на антиоксидансите и серотонинот. Редовното консумирање на киви може да помогне и во подобрување на расположението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни