Намирници кои се поздрави ако се јадат сирови

Некои намирници не можат да се јадат сирови, додека други кога ќе се обработат ги губат витамините и минералите.

Дали знаете која храна не треба да ја готвите како би ги задржале хранливите и здрави материи. Еве ја листата:

Краставици
Голем дел од луѓето краставиците ги јадат свежи, најчесто како салата, но постојат и такви кои од нив прават разни специјалитети кои се подготвуваат со печење, пржење или варење. Нутриционистите тврдат дека секое подготвување на краставиците, освен свежа салата, ги уништува скоро во целост хранливите материи. Тие советуваат за да ги задржите витамините и минералите краставиците да ги јадете исклучиво свежи, а за во целост да ги видите бенефитите во салатата додадете хумус.

Спанаќ
Спанаќот е богат со витамините Ц и Е, влакна, ензими и аминокиселини. Најдобро е да го консумирате сиров, како дел од салата, бидејќи со готвењето не само што се губи вкусот туку и аминокиселините.

Цвекло
Во низата намирници кои во никој случај не треба да се термички обработуваат е и цвеклото. Тоа е вистинска „бомба“ кој придонесува за добро здравје, меѓутоа експертите сметаат дека кога го готвите се губат сите фолати кои се исклучиво важни за развојот на мозокот.

Морков
Во повеќе истражувања се правеле споредби на хранливите состојки во сировиот и веќе подготвениот морков. Резултатите покажале дека во секој случај оние кои во живо јадат моркови внесуваат многу повеќе витамини и минерали за разлика од оние кои се одлучуваат да го варат, печат или пржат пред да го јадат.

Домат
Консумирањето свежи домати може да придонесе за подобро здравје, особено кај лицата кои страдаат од дијабетес и камења во бубрезите. Затоа нутриционистите апелираат до лицата кои се склони кон развој на вакви здравствени нарушувања во своето мени да внесат што поголема, но умерена, количина на салата од свежи домати без многу сол.

Кромид и лук
Ако сте љубители на лукот, тогаш нутриционистите имаат одлични вести за вас. Сировиот лук содржи хемикалии кои го штитат организамот од развој на канцер на белите дробови и простатата. Меѓутоа, ако јадете лук во комбинација со кромид тогаш ќе имате силен имунитет, заклучуваат познавачите. Укажуваат дека јадењето сиров кромид му помага на телото да ги исфрли голем дел од токсините, а со тоа во вашиот организам да се задржат само потребните витамини и минерали.

Брокула
Скоро и да не постои човек, особено малите деца, кој нема одбивност кон консумирањето брокула. Сепак, брокулата е еден од најздравите зеленчуци, особено ако ја јадете свежа без претходна подготовка. Меѓутоа, ако тоа не ви звучи примамливо, ставете ја кусо време во врела вода околу две минути. На тој начин нема да се изгубат голем дело од хранливите материи.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни