Намирници од кујната кои ги чистат загорените тенџериња и тави подобро од сјајот за садови

Едноставни домашни трикови кои брзо го отстрануваат загореното и му го враќаат сјајот на садот

Секој што готви барем еднаш се соочил со непријатната ситуација ручекот да загори, а со тоа и дното на омиленото тенџере или тава. Иако многумина веднаш посегнуваат по класичните средства за миење садови, вистината е дека најделотворните решенија често се наоѓаат – токму во кујната.

Постојат едноставни и природни трикови кои брзо ги отстрануваат загорените наслаги, без долготрајно триење и без оштетување на садовите.

Чистење со сол – проверен метод од старите домаќинки

Ова е еден од најпознатите и најделотворни начини. Во загореното тенџере ставете вода доволно да ги покрие изгорените делови и додадете поголемо количество сол. Ставете го садот на оган и оставете смесата да зоврие 5–10 минути. Солта ја омекнува загорената површина, па таа лесно се одвојува со минимален напор.

Газирани пијалаци – брза хемиска реакција

Ако храната штотуку ви загорела, важно е садот да го натопите веднаш, додека е уште топол. Наместо вода, истурете малку газиран пијалак (кола или било кој карбонизиран пијалок). Киселоста и јаглерод диоксидот делуваат на изгорените остатоци и ги омекнуваат за многу пократко време отколку топлата вода.

Сода бикарбона и лимон – двојка за секоја дамка

Сода бикарбоната е едно од најмоќните природни средства за чистење. На сунѓер ставете лажичка сода, додадете неколку капки лимон или малку оцет, па премачкајте ги загорените делови. Оставете да делува неколку минути, потоа исплакнете. Реакцијата помеѓу содата и киселината создава природен „пенлив ефект“ кој ја подига загорената наслага.

Овие едноставни трикови не само што заштедуваат време, туку и го продолжуваат животниот век на садовите, без употреба на агресивни хемикалии. А најдобро од сè – сигурно веќе ги имате сите потребни состојки дома.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни