Десет намирници богати со протеини идеални за појадок

Секој од нас понекогаш се заситува од класичниот појадок со јајца, иако тие важат за хранлив и заситувачки избор. Добрата вест е дека постојат многу други намирници кои можат да го заменат овој оброк и истовремено да обезбедат доволно енергија и протеини за почетокот на денот.

Меѓу најдобрите алтернативи се кефирот и грчкиот јогурт, кои се богати со протеини и корисни бактерии, а лесно се комбинираат со овошје, јаткасти плодови или путер од кикирики. Овие намирници се практични за брз појадок, а истовремено придонесуваат за подолготрајно чувство на ситост.

Овесот и хељдата се одлична основа за хранлив оброк, бидејќи покрај протеините содржат и растителни влакна. Може да се подготват однапред или наутро, а со додавање на семки, јаткасти плодови или овошје стануваат комплетен и балансиран појадок.

Семките од тиква и коноп се уште еден одличен избор, бидејќи содржат значајни количини протеини, здрави масти и минерали. Тие лесно се додаваат во каши, смутија или јогурт и го збогатуваат оброкот без многу труд.

За оние кои преферираат солен појадок, добар избор се пилешките колбаси, свежиот сир и димениот лосос. Овие намирници обезбедуваат висока количина протеини и можат да се комбинираат со леб, житарки или зеленчук за поразновиден и заситувачки оброк.

Путерот од кикирики исто така е практична и хранлива опција која лесно се вклопува во различни рецепти. Во комбинација со овошје или јогурт, создава избалансиран појадок кој ќе ве држи сити подолго време и ќе ви помогне да го започнете денот со доволно енергија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни