Наместо шеќер, додадете го овој здрав зачин во кафето

Нутриционистката Лиза Ричардс нагласува дека најдобро е да се држиме до обичното, црно кафе без додадено млеко или шеќер бидејќи на тој начин трошиме непотребни калории. Тaa исто така советува еднаш дневно да додавате малку цимет во кафето. 

Цимет 

Таа лично докажа колку е моќно кафето во комбинација со цимет. Имено, секое утро додавала по една лажичка од овој зачин во својот омилен пијалок. За еден месец забележала значителна разлика во нејзината тежина. 

„Циметот ја поттикнува термогенезата во телото“, објаснува Ричардс, а со тоа доведува до топење на масните наслаги. “Тоа е процес на загревање на телото и може да доведе до тоа да согоруваме повеќе калории. Плус, циметот е природна опција за стимулирање на термогенезата и секако е подобар избор од разни додатоци кои можат да го направат истото”, објаснува таа.

Нутриционистката Ричардс, исто така забележува дека ова не е магична напивка и дека резултатите нема да бидат видливи без корекција на вашата исхрана и воведување физичка активност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни