За пеплосатите од пожари македонски шуми, ќе се обновува производството на нови садници во Македонски шуми.
Наместо 8 милиони садници годишно, колку што изнесува полниот капацитет на расадниците на претпријатието, во моментов се произведуваат околу 800 илјади, количина со која тешко се покриваат и основните годишни планови за пошумување, а камоли и опожарените површини, велат од Македонски шуми.
За да се зголеми производството и повторно да се активираат овие површини, од Македонски Шуми најавуваат обнова на сите 12 расадници низ државата, но и подмирување на обврските кон семе собирачите кои не биле платени цели три години.
Со обновата на расадниците, ќе се врати и проектот за производство на автохтони сорти садници, што ќе овозможи побрзо обновување на одредени дрвни видови на локации каде природно припаѓаат.
Според најавите обновата на расадниците ќе трае неколку месеци месеци, а првите садници се очекува да бидат произведени за една година, односно за редовното есенско пошумување во 2025.