Наместо бараните 30 денари, приватните превозници ќе добијат зголемување за 20 денари на цената за километар

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, беше усвоена одлуката за зголемување на цената по километар за приватните превозници. Со 28 гласа „за“ и два „против“, советниците ги прифатија предлозите на градските власти, кои се обврзаа да ја коригираат цената, која не била ревидирана уште од 2015 година. Според новите одлуки, приватните превозници ќе добијат зголемување од 20 денари по километар.

Ова зголемување е резултат на интензивните протести на приватните превозници, кои неодамна го прекинаа сообраќајот барајќи правична корекција. Првично се договараше зголемување од 30 денари, но оваа сума беше отфрлена поради правни и технички проблеми. Наместо тоа, градските власти и советниците се согласија на помало зголемување од 20 денари.

Од Левица, опозициската партија, остро реагираа, обвинувајќи ја актуелната коалиција за непринципиелност и обвинувајќи ги советниците за игнорирање на еколошките потреби на Скопје, како што е набавката на нови еко-автобуси. Според нив, Скопје ќе остане без поддршка за оваа иницијатива поради недостаток на политичка волја.

Крајната одлука, која ќе влијае на патничкиот превоз во градот, е потврда дека актуелната власт го води градот во еден неизвесен правец, без доволна транспарентност и критичка анализа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни