Сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки, при што на одделни делници коловозите се влажни. Намалена видливост поради магла е забележана на планинските превои Ѓавато и Пресека, информира ЈП Македонијапат.
Од претпријатието додаваат дека на патните правци низ усеци и клисури е можна појава на помали одрони, кои се отстрануваат редовно. Се апелира до возачите да бидат внимателни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја приспособат брзината според условите на патот.
