Намален узвозот на енергенти во ЕУ во 2024 година

Европската унија во 2024 година увезла 720,4 милиони тони енергенти во вредност од 375,9 милијарди евра. Во споредба со 2023 година, увозот е намален и по вредност (-16,2%) и по нето маса (-7,1%), соопшти Евростат.

Кај нафтата, забележан е пад и на вредноста на увезените нафтени деривати (-4,7%) и кај обемот на увозот (-2,4%).


Нагло намалување на вредноста (-39,1%) и на волуменот (-15,1%) во однос на 2023 година, се бележи и кај увезениот течен гас.

Во 2024 година, најголеми партнери на ЕУ за увоз на нафта и деривати беа САД (16,1%), Норвешка (13,5%) и Казахстан (11,5%).

САД обезбедија речиси половина од увезениот течен природен гас (45,3%), пред Русија (17,5%) и Алжир (10,7%).

Најголем дел од природниот гас во гасовита состојба доаѓа од Норвешка (45,6%). Следува Алжир со 19,3%, пред Русија со 16,6%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни