Намален степенот на заштита на волците во Европа и покрај противењето на граѓанските организации

Светската организација за заштита на природата WWF денеска соопшти дека на состанокот на Бернската конвенција било изгласано намалување на статусот на заштита на волците, според предлогот на Европската унија, наведувајќи дека тоа е направено без никакви цврсти научни докази.

Со гласањето за намалување на заштитата на волците, земјите-членки ги игнорираа барањата на повеќе од 300 граѓански организации, Иницијативата за големи животни за Европа, експерти за заштита на природата и заштита на животната средина, како и стотици илјади граѓани кои оваа одлука ја сметаат за погрешна и се повикуваат на научно заснована акција за промовирање на соживотот на луѓето и големите животни, се наведува во соопштението.

Беше истакнато дека бројните примери во светот покажуваат дека опоравувањето на волците довело до подобрување на условите во природата.

Затоа е проблематично што земјите-членки ја поддржаа политичката одлука, донесена од лични причини, бидејќи понито на претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен било убиено од волк во 2022 година, наведува WWF.

Се потсетува дека Европската унија веќе дозволува одговорно управување со волците, што значи дека една од мерките е и убивање на проблематични единки, доколку е потребно.

Сепак, Европската комисија предложила послаба заштита на волците под изговор дека волците им штетат на сточарите и по завршувањето на процесот на консултации, за кој ClientEarth вели дека бил нерегуларен и сега го истражува омбудсманот на Европската унија.

Дуња Мацоко Дрвар, директорка на програмата за заштита на природата во WWF Adriatic, рече дека помалата заштита ќе значи дека во иднина продлабочувањето на социјалните поделби се повеќе и повеќе ќе биде на штета на конструктивните решенија.

„Популацијата на волци едвај се опорави откако изумреа во поголемиот дел од Европа, а слабеењето на нивната заштита сега може повторно да го загрози нивниот опстанок“, рече таа.

Директорката на програмата за заштита на природата во WWF, Дуња Мацоко Дрвар смета дека таквата одлука може само дополнително да ја зголеми поларизацијата и да ја поткопа довербата во напорите за ефикасно управување со популацијата на волците.

WWF изјави дека намалувањето на статусот на строга заштита спротивно на научните докази, ги загрозува децениските напори за зачувување на видот.

Стравуваат дека Европската комисија би можела да предложи промена на водечката Директива за живеалишта и дека тоа ќе има можни негативни последици и за другите видови.

WWF исто така посочи дека Бернската конвенција мора да ги зајакне своите механизми за добро управување, особено во однос на ажурирање на листата на заштитени видови.

Транспарентен и научно заснован пристап е клучен за одржување на кредибилитетот и ефективноста на Конвенцијата, но и за идното зајакнување на законите на ЕУ за зачувување на природата, се наведува во соопштението.

На состанокот, покрај земјите од Европската унија, намалувањето на заштитата го поддржаа и Андора, Ерменија, Грузија, Исланд, Норвешка, Македонија, Молдавија, Лихтенштајн, Србија, Швајцарија и Украина, додека Монако, Црна Гора и Обединетото Кралство, Босна и Херцеговина и Албанија беа против намалувањето.

WWF е една од најголемите независни организации кои се занимаваат со заштита на природата и има активна глобална мрежа во повеќе од 100 земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни