Владата донесе одлука да се намали ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти и со интервенцијата на Окта за помала цена на испорачано гориво до клиените, цената на горивата ќе остане иста како што се моментално.
Ова го соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски по владината седница на која тема беа мерките за ударот на цените на горивата заради продолжената криза на Блискиот исток и во Персискиот залив
Мицкоски објасни зошто, сега засега нема активирање за кризна состојба за да се намали и акцизата како мерка која дополнително ќе помогне да се стабилизираат цените на горивата.
Тоа, како што рече Мицкоски е опција којашто ќе биде на дневен ред доколку кризата се продлабочи. Ја следиме ситуацијата и соодветно ќе интервенираме.
Тој најави дека утре министерката за енергетика ќе побара од Окта допопнителен попуст на нивната цена на горивата.
Ако не беа овие интервенции, рече Мицкоски, цените на горивата што утре треба да ги утврди Комисијата за енергетика, цените ќе беа повисоки за 6,5 денари за бензините и за 10 денари повисоки за дизелот.
Со денешните мерки на Владат, за помал ДДВ за бензините од 18 на 10, цената ќе остане иста како денес, со исклучок на дизелот кој ќе се зголеми за 3 до 3,5 денари, доколку Окта не го зголеми попустот.
Мицкоски рече дека со ова на граѓаните им заштедуваме околу 200 000 денари на ден, како и дека и понатаму Македонија останува со најниски цени во регионот.
Мицоски рече дека електро-енергетскио сектор е стабилем, дека има доволно тони јаглен.
Единствен предизвик, рече Мицкоски е цената на мазутот за што најави интервенција на седницата на владата вторник за да не се зголемат трошоците кон ЕСМ.