Министерката за образование најави дека имплементацијата на новата концепција за основно образование за учениците од седмо, осмо и деветто одделение е одложена. Причината за ова е незадоволството на наставниците околу интегрирањето на предметите, кое, според нив, може да ја наруши суштината на образованието.
Оваа учебна година, основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст. Според резултатите од анкетата спроведена меѓу наставници, родители и ученици, повеќето се изјасниле дека таков распуст не е неопходен.
Во 140 училишта наставата ќе се одвива во една смена, а министерката за образование посочи дека се залага оваа практика да биде воведена во сите училишта низ државата.
Учебната година ќе заврши на 10 јуни, со исклучок на учениците од завршните години во средните училишта, кои ќе имаат настава до 16 мај.