На аукцијата, помеѓу останатото, ќе се продава и писмо кое на својот другар од бендот и роднина му го напишал членот на Бич Бојз, Брајан Вилсон, пренесува Ројтерс.
Аукциската куќа Kruse GWS ќе понуди речиси 400 предмети.
„На оваа аукција ќе има парчиња кои имаат голема емотивна вредност за луѓето“ вели Бригет Крус, додавајќи дека се работи за лични редмети на познатите кои прерано не напуштиле.
Помеѓу најинтересните сепак ќе бидат двата униканти прстена на Еливс Присли кои се очекува да постигнат цена помеѓу 35 и 60 илјади долари. Се продаваат и микрофон од резиденцијата на пејачот во Лас Вегас, како и шишенце со таблети со датум март 1977 година, само неколку месеци пред смртта на Присли.
Оналјн аукцијата, која ќе биде пренесувана во живо, ќе се одржи на 31 август.