Најздравото растение кое го намалува воспалението и лошиот холестерол: Го нарекуваат кралица на зачините

Ориганото не е само вкусен зачин – богато е со антиоксиданси, има антибактериски и антиинфламаторни својства, го подобрува варењето, го зајакнува имунитетот и го штити здравјето на срцето

Ориганото не е само неопходен зачин во подготовката на пица, тестенини, сосови, супи, месо, риба и зеленчук – ова мало зелено растение се користи за медицински цели со векови. Неговата употреба вклучува сè, од ублажување на настинки и кашлица до поддршка на варењето и здравјето на кожата.

Природен извор на моќни антиоксиданси

Ориганото е богато со антиоксиданси кои ги штитат нашите клетки од оксидативен стрес и го забавуваат процесот на стареење. Соединенија како карвакрол и тимол придонесуваат за здрава кожа, очи, срце и мозок, помагајќи ви да се чувствувате поенергични и витални.

Есенцијалното масло од оригано е познато по своето силно антибактериско дејство. Научните истражувања ја потврдуваат неговата ефикасност против разни бактерии, вклучувајќи ја и ешерихија коли, честа причина за труење со храна. Дури и сувото оригано содржи активни супстанции кои го зајакнуваат имунитетот и го штитат дигестивниот тракт.

Борба против воспаление

Ориганото, без разлика дали е свежо или сушено, има антиинфламаторни својства. Неговото есенцијално масло е особено ефикасно кај хронично воспаление поврзано со артритис, алергии, па дури и Алцхајмерова болест. Локалната апликација на екстракт од оригано може да ги ублажи акните, псоријазата, убодите од инсекти и болките во мускулите.

Поддршка за здраво варење

Ориганото го олеснува варењето со опуштање на мускулите на дигестивниот систем и помагање во одржувањето на рамнотежа помеѓу добрите и лошите бактерии во цревата. Може да помогне при рефлукс, горушица и иритација на желудникот. Билните антимикробни средства од оригано се покажаа како подеднакво ефикасни како и антибиотиците во борбата против SIBO (преголем раст на бактерии во тенкото црево).

Природна заштита од вируси

Истражувањата покажуваат дека есенцијалното масло од оригано може да го забави ширењето на вирусите и да ја зголеми отпорноста на телото, што го прави одличен сојузник во сезоната на настинки и грип.

Здравје на срцето

Ориганото помага во намалувањето на нивото на лош холестерол (LDL), со што се намалува ризикот од срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар. Карвакролот, неговата клучна состојка, ги штити крвните садови и ја подобрува циркулацијата.

Како да се користи ориганото?

-Додавајте го секојдневно во јадења – тестенини, пица, супи, сосови, месо или зеленчук.
-Користете есенцијално масло од оригано, со стручен совет, за зајакнување на имунитетот и локална употреба.
-Подгответе чај од оригано за имунитет и општо здравје.

Ориганото е мало растение со голема моќ – не е само омилен зачин, туку и сериозен чувар на здравјето. Секогаш наоѓајте место за него на вашиот чинија… и во вашата природна „аптека“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни